Стрелачкиот клуб Охрид на меѓунарадниот турнир во Бугарија имаше забележителни резултати. Јуниорката Нина Балабан во својата конкуренција освои златен медал со личен рекорд додека Верица Гоџоска го подобри личниот рекорд и заврши на четвртата позиција.

– Резултатите на Балабан и Гоџоскаа навистина се за почит и раководството на клубот е повеќе од задоволно. На Европско јуниорско првенство резултат од 394 круга би значел влез во финале, можеби и пласман меѓу првите три, бидејќи разликата од првото до осмото место во финале е само два круга. Нема сомнеж во квалитетот на стрелците од клубот,  меѓутоа треба да им се даде можност за повеќе настапи на Светски купови,  Европско првенство и меѓународни турнири, како нивниот квалитет би испливал на површина.  Спортист се гради на меѓународни натпревари, не можеме да се задоволиме само со успех на национално ниво (речиси сите први места во сите категории на двете програми  на ниво на Република Македонија во воздушна пушка им припаѓаат на стрелците на СК ,,Охрид,,) – велат од клубот.

С.К. Охрид е на првата позиција во националното првенство,а до крајот на сезоната преостануваат уште четири натпреварувања.

– До крајот на годинава остануваат уште четири натпревари, петтиот Куп во Скопје кој треба да се одржи во Сабота на 10.11.2012 година и три Интернационални Првенства во Хрватска и Србија, на кој настапот на охридските стрелци е сеуште неизвесен заради финасиски причини – завршуваат од С.К Охрид.

Мх.П.