Македонскиот репрезентативец и најдобар стрелец Кире Лазаров не е сврстен меѓу седумте најдобри играчи на континеталниот собир во Србија.

Според ЕХФ еве кој се најдобрите седум на шампионатот :
Голман: Дарко Станиќ (Србија), 
Лево крило: Валур Сигурдсон (Исланд)
Лев бек: Микел Хансен (Данска)
Среден бек: Урош Зорман (Словенија)
Пивот: Рене Тофт Хансен (Данска)
Десен бек: Марко Копљар (Хрватска)
Десно крило: Кристијан Шпренгер (Германија)
Лазаров со 61 постигнат гол е најдобар стрелец на првенстовото, за најдобар дефанзивец прогласен е Виран Морос (Шпанија), додека за најкорисен играч МВП на првенството е избран српскиот репрезентативец Момир Илиќ.
М.П.