Шампионот на Италија, Јувентус почна да трие раце од скапите и звучни засилувања кои ги донесе до сега во летниот преоден рок.
„Старата дама“ како никогаш до сега успеа да ги продаде сите сезонски билети кои исполнуваат една третина од стадионот на кој клубот ги игра домашните мечеви.
„Бјанконерите“ своите редови ги засили со Миралем Пјаниќ, Дани Алвеш, Менди Бенатија, Марко Пјаца и Гонзало Игуаин кој предизвика бура на Апенините.
За очекување е Јувентус лесно да ја одбрани титулата во Серија А, а походот кон тоа го почнуваат на 20 август против Фиорентина.
OhridNews