Откако папараците ја фотографирале како во спортско издание трча и вежба, американските медиуми почнале да пишуваат дека убавата актерка Скарлет Јохансон е бремена, бидејќи им се видело како под маицата се гледа заоблен стомак. Нејзиниот претставник за медиумите изјавил дека не е бремена и дека маицата најверојатно така и се наместила, па затоа изгледала како да има стомак.
Тренирала веќе четири месеци и моментално е во најдобра форма. Таа повеќе не крие дека е во врска со Шон Пен. Парот се појавува во јавност заедно и јавно разменуваат нежности. Поранешната сопруга на Пен, моделот Џесика Вајт изјавила дека врската им е прекрасна. Таа, нималку љубоморна, рекла дека Шон е навистина драг човек и дека во животот му треба добра жена.