На актерката Скарлет Јохансон ниту малку не и смета што нејзиното момче, актерот Шон Пен е за 24 години постар од неа. По романтичниот одмор кој заедно го поминале во Мексико, Скарлет по враќањето во Лос Анџелес на своите пријатели им рекла дека ако не мора веднаш да почне да работи, своето слободно време ќе го минува со Пен.


Извор близок на актерката потврдил дека таа за него рекла дека е прекрасен човек, неверојатен актер и лице кое многу знае за политиката и состојбите во светот. Додала дека не може да ја дочека паузата на снимањата за да се дружи со него. Иако Шон е речиси двојно постар од неа, неа многу ја привлекува неговата страст кон хуманитарните работи.