Со биланс од девет победи и едно реми фудбалската репрезентација на Австрија за прв пат во својата историја се квалификуваше за настап на Европското првенство преку квалификациите. Извонредната генерација фудбалери предводена од Дејвид Алаба на теренот и швајцарскиот стручњак Марсел Колер од клупата не само што се “прошета“ низ квалификациите тука и годината ја заврши на 10. Место на фифа рејтинг листата. Ohridnews разговараше со селекторот Колер, со фудбалерите Марко Арнаутовиќ и Александар Драговиќ, а ви ја пренесува и атмосферата меѓу фановите и медиумите.
– Одигравме маестрални квалификации. Не бевме во подредена улога во ниту еден од мечевите, играме атрактивен фудбал и постигнатите резултати се заслуга на целиот колектив со кој напорно работевме во целиот циклус – рече селекторот Колер во разговорот за Ohridnews.
Тимот го краси една кохезија која е воочлива на и надвор од теренеот. Покрај Алаба во средината , такт на австрискиот напад му дава некогашниот согиграч на Горан Пандев во дресот на Интер, Марко Арнаутовиќ.
– Можда за некого резултатите се изненадувачки, но ние напорно работевме за да го постигнеме овај успех, кој не е случаен. Ние сме како една фамилија, тоа е она што го краси овој тим и што го турка напред – посочи Арнаутовиќ.
Последната одбранбена линија пред Роберт Алмер, кој прими само 5 гола во текот на квалификациите ја командува Александар Драговиќ, фудбалер на Динамо Киев. Според него гостинските победи ја направиле разликата.
– Неможам да кажам дека имаше некој одлучувачки момент кој пресуди во овие квалификации. Одигравме храбро на сите мечеви, а поготово на гостински терен, и славевме во Москва, во Стокхолм што секако дека беа итоа како важни победи. – рече дефанзивецот Драговиќ.
Според новинарот на “Прессе“ Христоф Гастингер , селекторот Колер е една од клучните алки во успехот но и фактот што австриската селекција е составена од интернационалци кои играат водечки улоги во своите клубови.
– Австрија никогаш немало толкав број на интернационални, поготово што тие играат важни улоги во своите клубови. По серијата победи и се подигна и еуфоријата, но и нивната самодоверба дека може да се пласираат на ЕП. Селекторот Колер знае како да зборува со фудбалерите, лидерството е негова најјака карактеристика. Најпозитвното по овој успех е тоа што младите добија свои нови фудбалски идоли, некого на што ќе може да се угледаат, што секако долго време тоа не беше случај. Оваа генерација го врати фудбалот во мода во Австрија – вели Гастингер.
Постигнатите резултати беа наградени со полни трибини , мечевите на “Пратер“ во Виена беа распродадени , а еуфоријата беше заокружена со пласман на ЕП.
– За нас навивачите пласманот на ЕП значи многу , во последните години репрезентацијата не беше многу успешна, што бевме дури и љубоморни на останите селекции. Но надежта дека ќе се промени не прекина. Промената дојде со квалификацијта на ЕП и тоа како првопласирани во групата , што е едноставно фантастично – вели Марио Перл, пасиониран фудбалски фан.
Австриската фудбалска репрезентација за престојната ждрепка (сабота 18 часот) е сместена во вториот шешир. Добрите игрите во квалификациите го свртија вниманието на фудбалската јавност кон “алпската“ репрезентација. Дали факторот изненадување ќе биде исклучен на мечевите во Франција ?
– Онака како што играме нема причина да стравуваме од никого, точно дека нема со потценување да се гледа на нас и сите ќе не сватат сериозно, но тоа не ме загрижува. На почетокот имавме поставена цел да се пласираме на ЕП, тоа го остваривме и како првопласирани патуваме за Париз. Сега ни останува да уживаме што сме дел од фудбалста елита и да ја сочекаме ждрепката. Но во секој случај нема да биде воопшто лесно, бидејќи пласираните селекции имаат супер квалитет. – рече селекторот Колер.
Фудбалската еурофоријата е голема , фановите кои во 2008 година како ко-домаќини заедно со Швајцарија не може да се израдуваат на победа потајно посакуваат “црвено-белите“ да останат што подолго во земјата на триколорите.
– Очекувањата се големи, но да бидеме реални, се уште немаме одиграно мечеви против големите фаворити, како Германија, Италија, Англија, Шпанија. На ЕП мора да победиш против ваквите тимови за да се најдеш на врвот. Но секако очекувам пласман во четвртфиналето, е тогаш потребна е и среќа и други одлучувачки моменти кои може да не лансираат меѓу топ 4 на шампионатот – вели Перл, кој со нетрпение ја очекува ждрепката во сабота.
За новинарот на “Пресе“ Гастингер, пласманот во елминациската фаза би бил голем успех за трупите на Колер.
– Еуфоријата е голема, но сепак треба да сватиме дека Австрија не е еден од фаворитите на шампионатот. Нашиот состав нема големо искуство од настап на вакви мечеви, само пет фудбалери се во составот кои настапија на ЕП 2008 година. Да ја почекаме ждрпката, па потоа ќе правиме калкулации. Сепак сметам дека пласманот во наредната фаза ќе биде голем успех – вели Гастингер.
Сите имаат свои планови, фановите посакуваат пресметка со Германија, додека селекторот Колер е резервиран по тоа прашање.
– Секако дека сакам да играме против големиот брат Германија, поготово што тие и не се така убедливи во моментов. Но тие се турниски тим и секако дека нема да биде лесно. Покрај тоа немам фаворити, мислам дека тимот треба да ужива на мечевите во Франција бидејќи тие сосема го заслужија пласманот таму – завршува Марио Перл .
Селекторот Колер нема некоја посебна желба во пресрет на ждрепката во сабота.
– Немам некоја посебна желба, посебно ми е драго што ќе бидеме дел од овој турнир и ќе направиме се со добри игри да им се одолжиме на нашите фанови кои во текот на сите мечеви од квалификациите беа наш 12 . играч – завршува Колер.
Распоред на барабаните во пресрет на ждрепката за ЕП 2016.
Прв шешир : Шпанија, Германија, Англија, Португалија, Белгија.
Втор шешир : Италија, Русија,Швајцарија, Австрија, Хрватска, Украина
Трет шешир : Чешка, Шведска, Полска, Романија, Словачка, Унгарија
Четврти шешир : Турција, Р. Ирска, Исланд, Велс, Албанија С.Ирска
Мирко Постоловски














