Ј.П.”Охридски Комуналец” ќе ги санкционира сите физички и правни лица кои не се придржуваат кон склучениот договор на одложено плаќање на долговите кон ова  јавно претпријатие. Во текот на септември и октомври минатаат година, беше  спроведена акција, со која претпријатието, им овозможи на сите физички и правни лица кои имаат неподмирени обврски по разни основи, истите да ги подмират на три рати по претходно склучен договор, при што беа ослободени од законската затезна камата.

– За жал, околу 100 од овие коминтенти или воопшто не се придржуваат кон договорот, или пак не ги подмируваат ратите по пропишаната динамика. Од тие причини ќе бидеме приморани да ги раскинеме овие договори и веднаш ќе започнеме со постапка за извршување кај надлежни извршители на правосилни и извршни тужби со предлог за издавање на платен налог.-велат од Ј.П.”Охридски Комуналец”.

Ohridnews