Македонската фудбалска репрезентација напредуваше две места на најновата рејтинг листа која ја објави светската фудбалска организација (ФИФА). „Црвено жолтите“ со 1 344 бодови се наоѓа на 68-та позиција.

Избраниците на Игор Ангеловски во првите два натпревари во Лигата на Нации забележаа две победи и токму тука лежи причината за напредокот. Од противниците на Македонија најдобар ранг има Ерменија која се наоѓа на 100 позиција, Лихтештајн ја зазема 178-та позиција, додека Гибралтар е 198-то место.

На врвот првото место го делат актуелтниот светски шампион Франција и селекцијата на Белгија, а во ТОП 10 се наоѓаат уште Бразил, Хрватска, Уругвај, Англија, Португалија, Швајцарија, Шпанија и Данска.

OhridNews