Една од главните алки на Словенија во триумфот над Македонија, голманот Матевж Скок во добрата и организирана одбрана го најде клучот во победата во дербито од третата рунда.


Скок кој запиша 17-ет успешни интервенции зад неговото име заслужено ја доби наградата за играч на натпреварот.

– Добрата и организираната колективна одбрана не однесе до победата. Добро го анализиравме Лазаров кој пак си дојде до својот скор, но ги заправме другите приоди кон нашиот гол. Имавме неколку задачи пред мечот кои ги исполнавме и заслужено се радувавме на бодовите. – рече Скок.

Словенија со победата над Македониј го задржа перфектниот скор во Б групата пред натпреварите од 4-та и 5-та рунда.

OhridNews