Фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл често се поврзува со трансфер во Манчестер Јунајтед. Шпекулациите дополнително ги подгреа Пол Сколс, кој во својата колумна напиша дека Велшанецот би бил идеален трансфер за тимот на Луис ван Гал.


– Едно е сигурно дека тој ќе биде сакан и почитуван на Олд Трафорд. Со него во составот, Манчестер Јунајтед веднаш ќе стане кандидат за освојување на титулата во Премиер лигата. Во мојата кариера имаше фудбалери како Двајт Јорк, Ерик Кантона, Руд ван Нистерлој и Вејн Руну кои ја трансформираа екипата на подобро. Таков потенцијал има и Бејл и би бил одлично засилување за Манчестер Јунајтед. – напиша во својата колумна Сколс.

Бејл во Реал Мадрид се пресели од Тотенхем за рекордни 100 милиони евра и играњето во Премиер лигата нема да биде ново искуство за велшкиот репрезентативец.

Мх.П.