По заминувањето на Сер Алекс Фергусон и плејадата „негови“ играчи од Манчестер Јунајтед клубот од Олд Трафорд целосно го загубија својот сјај.


Противниците на „црвените ѓаволи“ не се плашат повеќе како на времето кога на чело беше легендарниот шкотски стручњак.

– Се мачам да го гледам Манчестер Јунајтед под водство на Луис ван Гал. Барнли беше подобра екипа во првото полувреме, а играта на Јунајтед беше очајна. Ван Гал има премалку играчи кои се подготвени за преземат ризик и да го нападнат противникот. Во оваа екипа само Ди Марија рескира, но тој е далеку од успешен – рече Пол Сколс.

Мозокот на тимот, кој жареше и палеше во Премиер лигата смета дека Вејн Руни игра на погрешна позиција и дека е жртва за тандемот Ван Перси – Фалкао.

– Руни може да игра на секоја позиција. Мечот против Барнли го заврши како „задни везни“, но ја сметам дека Руни е далеку подобра опција во нападот од тандемот Ван Перси – Фалкао, кој Ван Гал непрекинато го форсира – заклучи Сколс.

Ohridnews