СВР Охрид поднесе кривична пријава против 26-годишно лице од скопското село Горно Врановци, 22-годишен жител на Арачиново и 29-годишен скопјанец, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.
Тие, на 25 април, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, во ноќен клуб во Охрид, физички нападнале охриѓанец, при што еден од напаѓачите со пиштол го удрил во пределот на главата, а потоа му го одзеле неговото моторно возило, информира СВР Охрид.
Во полицискиот билтен уште се наведува дека на 25 јуни лишен од слобода бил 51-годишен охрижанец, кој, претходно, во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга.
Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти СВР Охрид.
OhridNews












