03.05.20 Во инцидентот, кој се случи вчера попладне околу 17.30 часот во куќа на улица “Кузман Капидан” во Охрид, учествувале 40 годишно лице од Скопје и 37 годишен охриѓанец исто така со место на живеење во Скопје, прецизира полицијата по завршување на истаргата. МВР потврди дека во тепачката бил употребен остар предмет, а едно од лицата се здобило со тешки повреди.

По претходна расправија 40 годишен скопјанец со нож му нанел неколку убодни рани во пределот на стомакот на 37 годишно лице од Охрид со место на живеење по лична карта во Скопје, кое се здобило со тешки телесни повреди и е пренесено во Медицинскиот центар Охрид за укажување на лекарска помош. Напаѓачот е приведен во полициска станица, а пронајден бил и ножот. – соопшти полицијата.

Повредениот се здобил со  животозагрозувачки рани. Истражните органи преземаат мерки за целосно расветлување на немилиот настан.

Г. М.

Фото: Илустрација