Ноќеска во 03.50 часот во СВР Охрид приведени се две лица од Скопје на возраст од 37 и 41 година. Тие, претходно, на булеварот „Туристичка“ во Охрид агресивно се однесувале кон полициски службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти СВР Охрид.
Претходно вечерта во 22.45 часот во СВР Охрид лишен од слобода бил 27-годишен скопјанец.
При преглед извршен на плажа на охридското крајбрежје, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа бела грутчеста материја. – информира СВР Охрид.
Истата вечер во 23.40 часот во СВР Охрид лишен од слобода бил и 24-годишен гостиварчанец
При извршен преглед на плажа на охридското крајбрежје, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа марихуана.
По целосно документирање, СВР Охрид против приведените лица ќе поднесе соодветна пријава.
Ноќеска полицијата привела и 63-годишен охриѓанец поради агресивно однесување кон членови на неговото семејство.
OhridNews












