Фудбалерите на Охрид го претрпеа првиот пораз во Втората македонска фудбалска лига-запад, откако на домашен терен во четвртата рунда изгубија од Скопје 0-1, полувреме (0-1).

Избраниците на Љупчо Маркоски со исклучок на последните десеттина минути беа подобар ривал и заслужено го освоија целиот плен на СРЦ „Билјанини Извори“. Мора и треба да се напомене дека гостите од 55-та минута играа со фудбалер помалку после вториот жолт за Христијан Димов.

Немаше возбудувања на стартот од натпреварот. После 15-тина минути игра прв се закани гостинот кој изведе серија корнери, но не успеа да ја погоди целта. „Рибарите“ првата прилика ја имаа во 35-та минута кога Ајрадин Цуцули биеше со глава во добро поставениот голман Мифтари.

Во 40-та минута Скопје го отвори резултатот. Офанзивецот Изет Ајрулаху погоди за водсво. Ајрулаху ја искористи невнимателноста на Вељаноски и шутираше под нозете на Никола Симоновски за 0-1.

На стартот од второто полувреме Охрид ја презеде иницијатива. Послед еден контра напад Димов остро стартуваше над Ариф. Судијата Дејаноски ја прекина играта и му додели втор жолт картон.

Играчот повеќе им даде ветар во грб на охриѓани. Но нападите на Охрид во главна завршуваа без опасност и со лесни интервенции на гостинскиот голман.

Со константен притисок „рибарите“ започнаа во последните десеттина минути кога имаа неколку прилики за погодок. Најпрво голманот на Скопје добро интервенираше после ударит на Реџепи и Целески, а обидот на Алији заврши во гредата. Охрид притисна и во судиското продолжение, но не створи прилика за изедначувачки погодок.

Охрид со една победа, две реми и пораз останува на средината од табелата. В среда ги очекува меч со Ренова во Купот на Македонија, а во следната рунда од Втората МФЛ гостуваат во Кичево кај Велазерими.

Охрид: Симоновски, Вељаноски, Лекоски (55` Реџепи), Цуцули, Трпески, Ариф, Ристески (46` Целески), Маркоски, Кочоски (77` Дишлиески), Алији, Ѓорѓиески

Скопје: Мифтари, Ристовски, Новески, Љамалари, Блажевски, Ѓурчиноски (64` Усеинов), Ајрулаху (69` Митревски), Јусуф (90` Неделковски), Најдоски, Јанакиевски, Димов

Мх.П.