Податоците околу загадувањето во главниот град повторно се алармантни. Скопје, минатата вечер, повторно се искачи на првото место по загаденост во светот. Индексот на загадување беше 266 што се смета за многу висок и опасен за здравјето на граѓаните.
Податоците објавени на страницата „Ер Вижал” покажуваат дека и синоќа и денеса, Скопје се наоѓа високо на листата на најзагадени градови. Изутрината потешко се дише само во Казахстан и Индија. Индексот на загадувањето е 249.
Ова не е првпат Скопје да се најде на врвот на листата по загаденост. Слични податоци беа измерени и на 19 јануари, кога индексот на загадување беше 430, а на врвот на листата беше во друштво со градови од Индија, Пакистан. Четвртото место му припадна на Бангладеш, а петтото на Косово.
OhridNews
Макфакс