27-годишен скопјанец бил пронајден мртов во соба во хотелот „Блу скај“ во Струга, вчера околу 10 часот.

Како што информираат од СВР Охрид врз телото на А.Р. нема траги на насилство.

На местото на настанот бил извршен увид, а по наредба на истражен судија врз телото на починатиот денеска  ќе биде извршена обдукција за да се утврдат причините за смртта.

Од извршените проверки констатирано е дека починатиот бил нарко зависник.

OhridNews