СВР-Скопје поднесе кривична пријава против 18-годишен скопјанец поради постоење основано сомнение за извршено кривично дело „одземање моторно возило“, за што од страна на Судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.

Според полицискиот извештај, пријавенот на 28-ми ноември 2015 година се упатил на улица „Македонска Преродба“ во Скопје и откако се уверил дека нема да биде забележан од никого влегол преку незаклучената врата дворот, се доближил до ПМВ марка „Ауди А4“ караван со скопски регистерски ознаки. Откако забележал дека на контакт бравата од возилото се оставени клучеви,  ја отворил возачката врата, влегол во возилото, го стартувал и го напуштил местото на настанот упатувајќи се кон Охрид.

На патот кон Охрид на планинскито превој „Стража“ движејќи се со одземеното возило му пукнала гума, при што позади него се случила сообраќајна незгода. Пријавениот застанал за да им укаже помош на лицата, а истите го обвиниле дека бил причинител за настанатата сообраќајна незгода, по што сите заедно заминале во Полициската станица во Струга.

Откако пристигнале во полициската станица од страна на полициски службеници по извршената проверка било констатирано дека по возилото се трага бидејќи било предмет на извршено кривично дело „кражба“. Во во ПС Струга бил извршен разговор со пријавениот скопјанец кој во целост го објаснил начинот на извршување на кривичното дело.

OhridNews