Триесет и осумгодишен скопјанец е пронајден убиен во неговиот дом. Тој бил обвиткан со кабли, кои потоа биле вклучени во струја. Случајот во полиција бил пријавен од страна на екипа од Итна медицинска помош утринава, околу 9.15 часот.
Како што информираше полицијата, утринава добила пријава дека е пронајдено безживотното тело на 38-годишниот Пецо Колчовски.
При увидот во неговиот дом на улицата „Бутелска“ во Скопје, полицијата го пронашла неговото тело обвиткано со кабли приклучени во струја и облеано со крв. Телото на убиениот е пренесено на обдукција, а полицијата презема мерки за расветлување на случајот.
OhridNews
извор Макфакс