Под покровителство на „Енерго Маркет“ од Скопје на патеката пред Еврохотел во организација на риболовната секција на АД „Вабтек“ МЗТ од Скопје, во соработка со СРК „Рибарска Вистина“ од Охрид се одржа натпревар во спортски риболов во дисциплината „Лов риба со јадица на пливка“ во конкуренција на сениори. 


На натпреварот зедоа учество 18 натпреварувачи од Скопје. Постигнати се следните резултати: третото место го освои Вукашиновиќ Вецко, второто место Трајковски Бошко а победник на натпреварот е Бојаџиев Димитар.


Спортcко риболовниот туризам полека но сигурно си го зазема своето место во туристичката понуда на Охрид.

Ohridnews