Двајцата скопјани, управители на фирми регистрирани во Охрид, заработија кривични пријави поради даночно затајување, фалсификување, уништување на деловни книги и предизвикување лажен стечај.

Како што стои во соопштението на Управата за финансиска полиција, во контролата било утврдено дека управителот на едната фирма ја уништил целокупната смекотводствена документација.Тој  издал факутри со ДДВ за продажба на отпадно железо. Наплатил во готово заедно со данокот на додадена вредност, па ја уништил документацијата. Така затаил персонален данок и ДДВ во износ од 100 000 евра, се вели  во соопштението.

Управителот на втората фирма, на идентичен начин го оштетил државниот буџет за околу 85 000 евра. Со цел прикивање на доказите, тој поднел и предлог за отворање стечајна постапка на фирмата.

OhridNews