Маршот се организира по повод последните инциденти кои што се случија минатата недела, каде што беа повредени над 20 лица од различна етничка заедница и има за цел да испрати порака за мир и соживот.
Настанот е во организација на Граѓанската иницијатива ,,Заедно за мир” предводена од Сашо Мацановски – Трендо, Александар Русјаков, Ана Јовковска и Петрит Сарачини.
Оваа иницијатива е подржана од 70 граѓански организации од Република Македонија.