Според информациите од Сеизмолошката опсерваторија при Природно- математичкиот факултет во Скопје, вчеравечер, биле регистрирани неколку земјотреси од скопското епицентрално подрачје.
Од повеќето нови земјотреси, во Скопје и околината, посилно е почувствуван земјотресот од 19 часот и 19 минути, и тоа со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала-1998. Со интензитети од III степени според истата скала, се регистрирани земјотресите во 19.38 часот, во 19.51 часот и во 20.05 часот.
Вчера, претпладнето, во Скопје и околината беа почуствувани неколку земјотреси. Од нив најсилно беше почувствуван земјотресот во 11.19 часот, со интензитет од IV- V степени според Европската макросеизмичка скала-1998.