Маглата утрово пак го прекина редовното одвивање на авионскиот сообраќај од скопскиот аеродром „Александар Велики“. Според податоците од интернет страницата на „ТАВ“ утрово не полетале авионите за Белград, Виена и Загреб. Полетувањето за Лубек е пренсочено од Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, а полетувањето за Ајндховен е пренасочено на аеродромот во Приштина. Неизвесно е и полетувањето на авионите за Истанбул и Цирих.

На скопскиот аеродром утрово не слетале авионите од Виена, Барселона, Белград и Лондон..

Слабата видливост во Скопје предизвика и вчера попладне откажување на летовите за Лондон, Барселона и Истанбул. Вчера, во претпладневните часови, поголем дел од авионските летови беа пренасочени кон охридскиот аеродром, а дел беа и откажани.

OhridNews