Управниот Одбор на Ј.П. ‘’Билјанини Извори’’ со низа мерки ќе ги санира последиците од  финансиското работење на претходното раководство, велат од јавното претпријатие.

На денес одржаниот состанок на Управниот одбор, на предлог на претседателот м-р Љупчо Танески, се изгласала одлука за намалување на паричниот надоместок што го добиваат претседателот и членовите на Управниот и Надзорниот одбор .

–  Врз основ на донесената одлука, претседателот на Управен одбор, во иднина ќе добива паричен надоместок од 6000 денари, а членовите на Управен одбор 5000 денари, информираат од ЈП Билјанини извори.

Паричниот надоместок за претседателот на Надзорен одбор ќе биде 4000, а членовите  на Надзорниот одбор ќе добиваат по 3000 денари.

OhridNews