Наставата во сите основни и средни училишта во општина Охрид, и во наредните два дена ќе почнува во 9 часот и ќе се одвива со скратени часови.

Ваквата одлука, од страна на локалната самоуправа, е  донесена поради обилните врнежи од снег и ниските температури кои деновиве го зафатија Охрид и околината.

– Доцни и превозот од приградските населби и околните села  , па голем број од учениците кои секојдневно патуваат до училиштата во Охрид не се во можност навреме да пристигнат на настава. Согласно временските услови, од понеделник, ќе се одлучува како ќе се одвива наставата во текот на идната недела, објаснуваат од локалната самоуправа.

OhridNews