Министерството за економија пропиша прецизна процедура за постапување по поднесените барања за издавање лиценци за вршење угостителска дејност и за продажба на алкохолни пијалоци, со кои роковите за издавање лиценци се намалуваат од 15 на 4 дена.
Постапката за доделување на лиценци отсега ќе биде транспарентна и ќе може да се следи на веб-страницата на Министерството.
-Во случај деловниот субјект да не поднел целосна документација или ако постојат формални недостатоци рокот е седум дена за добивање лиценца или решение за одбивање, информираше ресорниот министер Беким Незири на вчерашната прес-конференција.
Тој нагласи дека со воведувањето на новата процедура двојно или речиси тројно се скратуваат роковите за издавање на лиценците.
-Забрзувањето на постапката е особено значајно од причина што околу 700 од лиценците за продажба на алкохол истекуваат во септември, а уште 900 до крајот на годинава,рече Незири.
OhridNews