Германскиот репрезентативец Бастијан Швајнштајгер ќе паузира три мечеви во Премиер лигата поради намерниот удар на мечот меѓу Манчестер Јунајтед и Вест Хем на Олд Трафорд.


Главниот судија Марк Клатенбург не го забележа ударот на Германецот, но камерите го уловија тој момент, а дисциплинците му изрекоа суспензија од три мечеви. Тој ќе ги пропушти натпреварите со Бурнмаут в сабота, Норвич и Стоук во англиската лига.

Камерите на Олд Трафорд открија нешто што не го виде судијата (видео)

Ohridnews