Неповолните временски услови проследени со силен јужен ветер кои го зафатија Охридскиот регион, предизвикаа сериозни проблеми. На повеќе локации се скршени дрвја и гранки од дрвја.

Екипите на „Паркови и зеленило” веднаш излегоа на терен за санирање на ситуацијата. Се интервенира на „Мостот на желбите”, на ул. „Гоце Делчев”, ул. „15-ти Корпус” и други локации, за да се обезбеди непречено одвивање на сообраќајот и движење на пешаците, информираат од ЈП Охридски Комуналец.

OhridNews