За среќа не бил предизвикан посериозен инцидент, а од страна на спасителните служби ваквото однесување на возачите на скутерите било пријавено во Езерската полиција, каде неофицијално дознаваме дека на разговор биле повикани возачите на скутерите, но и лицата кои ги издавале.
Токму поради ваквите инциденти, Владата вчера донесе одлука ограничувањето на пловидбата со скутери по Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро, наместо на 20-ти јули, да стартува од денес, 12- ти јули, а засилени се и контролите од страна на езерската полиција.
Ограничувањето на пловидба на пловните објекти на трите езера ќе трае од 12 јули до 31 август 2012 година, во времетраење од 11 часот до 18 часот секој ден.