Како што тие велат, поради несовесното однесување на лицата кои ги управуваат скутерите и глисерите, во голема мера е загрозена безбедноста на капачите во вода. Апелираат до надлежните да преземат итни мерки за решавање на проблемот пред да дојде до несакан инцидент.
Од охридската Капетанија на пристаништа велат дека се запознаени со проблемот ,поради што е зголемен интензитетот на контролите од нивна страна кои се вршат во овој дел од езерото. Освен рутински контроли, ветуваат и поголемо присуство на екипи од капетанијата и од езерската полиција.
Токму несовесното однесување при управувањето со скутерите на вода беше причина да се донесе одлука за ограничување на пловидбата за скутерите. Ограничувањето стартува на 1 јули и ќе трае до 31 август, од 11 до 19 часот секој ден.