Неколку скутерџии вчера на плажата кај хотел Гранит со часови ги вознемируваа гостите и капачите. Возејќи со огромна брзина на само неколку метри од брегот , буквално ги принудија капачите да излезат од вода стравувајќи дека нивната безбедност е загрозена. На капачите и бројните гости не им преостана ништо друго освен од копно да ги следат меѓусебните трки кои со огромна брзина ги правеа скутерџиите.
Револтираните гости коментираа дека иако заврши ограничувањето на пловидба на скутери која траеше од 20 јули до 20 август, тоа не им дава за право на скутерџиите да прават што сакаат и да ги малтретираат туристите кои дошле да се релаксираат на плажа.
Од охридската Капетанија информираат дека продолжуваат секојдневните контроли од нивна страна и ќе се казнуваат сите несовесни скутерџии кои ја загрозуваат безбедноста на капачите. Сепак, признават дека поради ограниченост на средствата со кои тие располагааат, невозможно е да се врши контрола на целата површина од езерото и при тоа да се казнуваат сите кои не ги почитуваат правилата за пловење.
Според нивните податоци, во периодот додека траеше ограничувањето на пловидбата на скутери, поднесени биле осум пријави за непочитување на ограничувањето, а биле извршени контроли врз вкупно 106 пловни објекти.
Подобрување на квалитетот на времето на старите лица, намалување на осаменоста и социјалната изолација, поттикнување на физичката и менталната активност, зачувување и развивање на индивидуалните сп...
Вработените во фабриката „Костал“ постапуваат согласно плановите во услови на случен земјотрес и пожар, а исполнети се и очекувањата за брза и навремена интервенција на службите кои се надлежни во ...
На 30092026 во 20:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека пред деловен објект во охридското село Куратица бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од едно лице врз 47-годишно лице, два...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.