Репрензетативецот на Белгија, Ромело Лукаку ќе биде новиот голгетер на Манчестер Јунајтед. Оваа ексклузивна информација ја пренесе „Sky sport“ од блиски извори од двата клубови.

Од трансферот на Лукаку тимот на Евертон ќе заработи неверојатни 75 милиони фунти, а Белгиецот ќе стане најплатен фудбалер во Англија кој преминал од еден во друг клуб во Премиер лигата.

Исто така „Sky sport“ напоменува дека во трансферот нема да биде вклучен Вејн Руни, кој се повеќе се поврзува со заминување од Олд Трафорд.

Лукаку и предводникот на „ѓаволите“, Жозе Мурињо соработуваа во Челси. Тогаш, на барање од Португалецот, Лукаку беше испратен на позајмица во ВБА, а потоа продаден во Евертон.

Корпулетниот напаѓач минатата година постигна 25 погодоци и беше еден од најдобрите стрелци во Премиер лигата, а токму таков фудбалер му е потребен на Манчестер Јунајтед по заминување на Златан Ибрахимовиќ.

OhridNews