Филмот за агентот 007, во кој Даниел Крег има главна улога, е прикажан на 50 годишнината од премиерата на првиот филм за Бонд и за време на божиќните празници ја преминал границата од една милијарда долари заработка. “Skyfall” во САД заработил 289.600.000 долари, а низ светот 710.600.000 долари и станал првиот филм за Бонд кој заработил толку пари од долгата историја на постоењето на овој филм.











