Жителите од повисоките катови во колективните згради на булеварот „Туристичка“ денеска имаат низок притисок во чешмите за вода. Ова е втор пат во десетина дена жителите од овој булевар да се соочуваат со ваков проблем.

МЈП “Проаква“ на својата официјална веб страна нема информација за евентуални проблеми на „Туристичка“. Таму се наведува дека денеска – вторник, поради интервенција на водоводната мрежа прекин во снабдувањето со вода во период од 8-14ч. ќе имаат жителите на улиците 15-ти Корпус, Ристо Чадо, Српница, Веле Марко, Ирена Мирка Гинова, Александар Турунџев, Ѓорги Сугарев, Живко Чинго и дел од с. Лескоец. Информација на што се должи намалениот притисок на водата на повисоките места на булеварот „Туристичка“ немаше ниту предходниот пат кога жителите реагираа  на ваквата појава.

OhridNews