Сообраќајот на државните патишта во Македонија утрово се одвива по наместа влажни коловози. Слаб снег провејува на планинските премини Буково и Ѓавато.
На патниот правец А3 обиколница Битола-Ресен на 70+300 км, поради свлечиште патот е во прекин во двата правци. Како алтернатива, сообраќајот е пренасочен преку градот Битола.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово, Виница – Берово и Кочани – Делчево, каде е можна почеста појава на одрони.
Потсетување за возачите дека законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата трае до 15 Март 2016 година. Според новиот закон за безбедност во сообраќајот на патиштата, зимската опрема е задолжителна „во сообраќај на пат“, што подразбира и во населени места.
OhridNews