
Оттаму препорачуваат внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација и на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.
Според прогнозата на УХМР Македонија, во понеделник ќе преовладува претежно облачно и студено време со слаб до умерен северен ветер. Ќе има локални врнежи, кои и на пониските места ќе преминуваат во снег. Во Охрид променливо облачно температура до 7 степени Целзиусови.
OhridNews











