Утрово во 6,15 часот, во дебарско- струшкиот регион почуствуван е слаб земјотрес, чиј епицентар е регистриран во албанското село Здрајж кај Либраж, кој од Струга е оддалечен шеесетина километри.
Потресот бил со јачина од 3,7 степени според Рихтер.
Информации за повредени и причинета материјална штета нема.











