Апаратите на Сеизмолошката опсерваторија при Природно- математичкиот факултет во Скопје, со својата телеметриска мрежа на сеизмолошки станици во Валандово, Охрид, Битола, Крушево и Штип, ноќва, во 23 часот и 57 минути, регистрираа земјотрес чиј епицентар се наоѓа на 100 км југозападно од Скопје и потекнува од струшкото епицентрално подрачје.
Според податоците на Сеизмолошката опсерваторија, земјотресот кој беше почувствуван и во Охрид и околните населени места бил со интензитет од IV-V степени според Европската макросеизмичка скала.