Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, додека во западните и југозападните делови од државата коловозите се претежно влажни.
Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Гостивар, Стража, Маврово, Крушево, Крива Паланка, Страцин Делчево и Буково. Во Дебар врнежите се од дожд и снег. Овие врнежи во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, информираат од АМСМ.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

OhridNews