Јавното претпријатие „Македонија пат“ вокендов започна со санација на најфрекфентната сообраќајница во Охрид, булеварот „Туристичка“. По целата должина на сообраќајницата отворени се голем број дупки во асфалтот кои ќе се санираат со поставување нов слој. На влезот од Охрид поставени се знаци кои предупредуваат дека во тек е работа на патот, но се чини тоа е премалку, затоа што на останатиот дел од улицата нема никакво предупредување. Раскопаниот клоловоз на стартот на туристичката сезона го отежнува одвивањето на сообраќајот на булеварот „Туристичка“.


Санација на „Туристичка“ на прагот на туристичката сезона

OhridNews