Здружението на рекреативни риболовци „Свети Апостол Петар“ од Охрид апелира до надлежните Министерства и институции да преземат итни мерки за санација на пукнатината од браната на акумулацијата Слатино. Oттаму преедупредуваат дека за петнаесетина дена по престанокот на обилните дождови нивото на водата во акумулацијата се намалило за четири до пет метри и е најблиску до биолошкиот минимум.

-Ако продолжи истекувањето на водата од пукнатината со овој интензитет за неколку недели нивото на водата ке се намали далеку под биолошкиот минимум, и целокупната флора и фауна од акумулацијата ќе биде уништена. Од 22 февруари кога се појави пукнатината на браната до денес не е преземено ништо за санирање на истата.-велат од СРД „Свети Апостол Петар“.


Слатинско Езеро пред 20 дена


Слатинско Езеро сега

Од здружението на риболовци апелираат до локалната самоуправа на Охрид да се вклучи во пронаоѓање на решение за надминување на проблемот со браната, посочувајќи дека околу 40 проценти од рекреативните риболовци кои престојуваат како туристи во Охрид одат да се рекреираат и да риболоват на акумулација Слатино. „Нивниот број ова година ќе биде зголемен затоа што во летниот период нема што да се лови од брегот  на Охридско Езеро, а риболов со чамец е дозволен само во сабота и недела“, додаваат од СРД „Свети Апостол Петар“.

OhridNews