Празниците се моменти за уживање. А уживањето не е вистинско без добар десерт. Познатиот италијански хит колач „Торте модерно“ – крем торти на новото време, без емулгатори, маргарини, путери и други додатоци, од сега се достапни и во Охрид, во џелатеријата  „Ночолино“ во срцето на чаршијата.

Базата им е како на познатиот џелато сладолед, но не се сладолед торта, туку имаат различен состав, со многу мала количина на шеќер, што се чувствува при јадење. Овие торти се прават во три големини, вклучително и најмали за двајца луѓе, за 5, 20 или повеќе луѓе, појаснува  Александра Ноческа, сопственичка на џелатерија „Ночолино“ (мало лешниче).

Крем тортите се прават од паста од лешник, фстак, кикиритка, орев или бадем. Внатре се полнети со чоколадо или овошје. Специфично е што овие крем торти се чуваат на минус петнаесеттина степени, во фрижидер за длабоко, а штом се извадат може да се јадат брзо, само после десет минути. – истакнува Ноческа.

Додека разговаравме во слатката продавница „Ночолино“ не посетија две љубопитни дами, на кои вниманието им го привлекол прекрасниот излог со празнично декорираните десерти. Меѓу нив се и класичните божикни колачи пандори и панетони.

Пандорите се чисти и можат да бидат полнети само со крем. Вкусот не е на класично тесто, туку е ваниларизирано и меко за јадење, Панетоните внатре се со кандирано овошје, чоколадо или крем. – истакна нашата соговорничка.

Слатка празнична магија ја освојува охридската чаршија
Слатка празнична магија ја освојува охридската чаршија

Новогодишните празници се идеалнно време да се вкусат новите слатки специјалитети од „Ночолино“ кои го носат вкусот на Италија во Охрид, чија магија ја плени охридската чаршија.

Г.М.