Сладокусците во Охрид од сега ќе можат да уживаат во врвните десерти и торти на познатиот бренд „Мариели“ кој со квалитетот на своите производи високо ја подигна летвичката во слатката индустрија. По Битола, „Мариели“ отвори слатка продавница и во центарот на Охрид, на приземјето од хотелот „Sky Corner“ која вчера официјално почна со работа.

Асортиманот е поделен на торти и кремасти десерти кои се подготвуваат на уникатен начин, што слатките на „Мариели“ ги прави посебни. Тортите со разноврсни вкусови ги има во три варијанти, мали шнитови со десет парчиња, големи шнитови со дваесет парчиња и кружни торти. Има и поголеми торти по нарачка за сите пригоди, но во моментов се е букирано до средината на август.

Имаме стандардни вкусови кои се декорираат, а имаме и ексклузивна серија која е исклучиво за јадење и не трпи декорација оти се премногу меки, затоа што така се подготвени, се топат при јадење и имаат прекрасен вкус. Такви се тортите фстак, тофе, рафаело, буено, кранчи, велат од „Мариели“.

Десертите во „Мариели“ ги има во чоколадни вкусови и бели кремови направени со жолчки на пареа и се подготвени со природни намирници. Се е термички обработено и затоа рокот на траење им е две недели до отворање. Кога ќе се отворат треба да се конзумираат за два до три дена, како и секој прехранбен производ, внимателно објаснуваат менаџерите на „Мариели“.

Во витрините на „Мариели“ во Охрид има петнаесеттина видови торти и дваесеттина видови десерти кои можат да се вкусат на отворената тераса или едноставно да се понесат за дома за секоја пригода. Слатката продавница на „Мариели“ е конципирана во европски стил, такви се и парчињата десерти кои се служат, како и услугата.

Кремастите десерти се екслузивно направени за уживање. Вкусот е врвен приоритет и затоа ние се посветивме токму на вкусот. Дури и традиционалните слатки познати кај нас како еклер, грклан, чиз кејк, ги правиме според наш оригинален рецепт со поинаков крем и прелив со додатоци на лешник. Тие изгледаат така како што ги знаеме, но вкусот е нешто сосема друго доживување кога ќе се проба. – посочуваат од „Мариели“.

Во слатката продавница на „Мариели“ во Охрид има десерти за сечиј вкус и сечиј џеб, но и квалитетно кафе за целосно уживање. Место за сите на кои квалитетот им е навистина важен.

Г.М.
Фото: Анамарија Момироска/Бобан Стојаноски
OhridNews/PR