Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, кој ја информира за основните макроекономски показатели и за мерките преземени во делот на макроекономската политика.

Разговаравме за влијанието на глобалните геостратешки, финансиски и енергетски трендови врз македонската економија, како и за последиците во индустријата, трговијата и градежништвото. Гувернерот оцени дека економијата е стабилна, со солиден раст, но дека треба внимателно да се следат увозната зависност и цените на храната и енергијата, вели Сиљановска-Давкова.

Посочува дека биле согласни во однос на тоа дека стручните и компетентни човечки ресурси се клучни за успешното функционирање на Народната банка и за одржување на финансиската стабилност на земјата.

Гувернерот до Собранието доставил предлог за избор на трет вицегувернер. Макроекономската стабилност и здравиот финансиски систем остануваат приоритет за напредокот на државата, додава Сиљановска-Давкова.

OhridNews