Во рамки на Семинарот за македонски јазик литература и култура во тек е 35-та Научна конференција на која ќе бидат презентирани 80 реферати од областа на славистиката.
Годинава на Семинарот за македонски јазик литература и култура, кој се одржува во Конгресниот центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид, учествуваат професори, студенти, преведувачи, слависти, балканисти и македонисти од 20 земји.











