Триесет и петтата седница на Советот на Општина Охрид ќе се одржи на 30 ноември, четврток, со почеток во 09:00 часот.
На дневен ред 85 точки. Советниците ќе распрваат за тримесечните извештаи од работата на јавните претпријатија, реализација на програмите во повеќе сфери, остварување на буџетот на Општина Охрид за периодот од 01.01. до 30.09.2023 година, како и предлог-oдлуката за донесување на буџетскиот календар.
Меѓу точките и Нацрт програмите за 2024 година, како и урбанистички планови.
Повеќе детали на дневниот ред на линкот.
OhridNews