Советниците следната недела во четврток, 29 август, со почеток во 9 часот, ќе ја одржат четириесет и четвртата седница на Совет.

Пред советниците и извештаите за работaтa на јавните претпријатија за периодот од 01.04. до 30.06. 2024 година како и годишните планови за вработување, извештајот за состојбата во областа на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата за периодот од 01.01. до 30.06.2024 година, како и шестмесечната реализација на програмите во различни сфери.
Советниците ќе расправаат за усвојување на извештајот за остварување на буџетот на Општина Охрид за периодот од 01.01. до 30.06.2024 година, програма за измени и дополнувања на развојната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид за 2024-2026 година…
Повеќе информации за дневниот ред на линкот.
OhridNews










