Советот на општина Охрид следната недела во понедeлник, 21 јули, во општинската зграда ќе ја одржи педесет и деветтата седница.

Советниците ќе одлучуваат и за отстапување на користење недвижен имот на ООУ „Кочо Рацин“ – Охрид, давање на трајно користење недвижен имот сопственост на Општина Охрид на ЈП „Билјанини Извори“ – Охрид, програма за измени и дополнување на Развојната Програма за изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Охрид 2025-2027, како и за носење на урбанистичко-плански документации.
Повеќе детали на линкот.
OhridNews
					



							






