Советот на Општина Охрид во четврток, 29.01.2026 година, со почеток во 09:00 часот во општинската зграда ќе ја одржи шестата седница.

На дневен ред се 35 точки, меѓу кои определување на просечна цена за утврдување на пазарна вредност на градежното земјиште, определување зони за утврдување на пазарна вредност на недвижен имот, дополнувања на годишната програма за средното образование, проширување на средствата во Буџетот на општина Охрид за 2026 година, разрешување и именување членови на училишни одбори, како и урбанистичко плански документации.

Повеќе детали за Дневниот ред на линкот.

OhridNews